Покетино: На „Плејстејшн“ секогаш можеме да го имаме Бензема во ПСЖ

од Nikola Popovski

Сите се прашуваат дали иднината на Карим Бензема ќе биде во Реал Мадрид, а никој не крие дека во својот тим го посакува еден од најдобрите светски напаѓачи. Таков е случајот со ПСЖ.

Имено, Французинот долги години е столб на Реал Мадрид, а според многумина често е неоправдано критикуван и потценет, пред се затоа што дава неверојатни резултати и е многу важен за тимот, а тоа најдобро се виде кога Роналдо си замина од тим.

Сега би можел да тргне по друг пат и можеби кариерата да ја заврши во родната Франција, но во тимот на Пари Сен Жермен.

Иако францускиот вицешампион има повеќе од доволно средства за трансфер на Бензема, аргентинскиот стручњак кој ги предводи „светците“ Покетино смета дека тоа сега не е реално.

– Има ли место за Бензема во ПСЖ? Да, на „Плејстејшн“ секогаш можеме да го имаме Бензема во ПСЖ. Сите големи играчи имаат свое место, но мислам дека рамнотежата е најважна работа во фудбалот. Понекогаш е потребно време да се склопи сè, вели Покетино.

Toj ги пофали игрите на искусниот голгетер кој секако е еден од најдобрите на својата позиција.

– Тој е голем играч кој од година во година го покажува својот талент во Мадрид. Доколку замине тоа би било значаен пораз за Реал. Не би рекол дека тоа му користи на ПСЖ, но јасно е дека тој е врвен напаѓач. Во анализата на тимот многу се зема предвид дали Бензема игра или не, додава Покетино.

Фото: Getty Images

Слични содржини