Покетино одговори на повиците да биде заменет од Мурињо

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, им одговори на навивачите на „сините“ кои за време на мечот со Брентфорд пред повеќе од една недела од трибините повикаа Аргентинецот да добие отказ и Жозе Мурињо да се врати на менаџерската фотелја.

„Видете, јас го почитувам Жозе. Тој е мој пријател. Тој направи неверојатни работи за овој клуб, почестите што ги освои овде се извонредни. Сепак, мораме да веруваме во себе и да ги прифатиме работите кои доаѓаат од навивачите. Секако дека ги почитувам поддржувачите. Ако играчите веруваат дека можат подобро со различен тренер… можеби треба да разговараат со сопственикот или спортскиот директор. Треба да ги прашате фудбалерите. Дали гледате некаква загриженост во мене? Не. Има ли проблем со нивната посветеност? Не. По нивното однесување може да се забележи дека се позади нас. Не се сомневам во тоа“, прокоментира Аргентинецот на својата прес-конференција пред денешниот меч со Њукасл.

На прашањето дали би размислувал сам да се повлече, Покетино одговори: „Не, не, не. Зошто? Никогаш.”

Слични содржини