Покрај Филипче, и регионалниот директор на СЗО го посети институтот „Торлак“

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес се сретнал со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа.

Вучиќ разговарал со Ханс Клуге во Претседателството на Србија, а фотографиите од разговорот ги објави претседателот на Србија на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Клуге го посетил институтот „Торлак“, каде треба да започне првата фаза од производството на руската вакцина „Спутник V“, за околу еден месец.

„Единствениот излез од оваа ситуација е да бидеме заедно, солидарно, да си помагаме едни на други, а Србија е пример во светот за тоа како се прави тоа“, рекол Клуге.

Тој најавил дека СЗО ќе продолжи да соработува со Србија и особено ја пофалил решеноста на претседателот Александар Вучиќ да вложи средства во понатамошниот развој на Институтот „Торлак“.

Да потсетиме, во текот на дешениот ден во посета на Белград и институтот, се наоѓа и македонскиот министер за здравство, Венко Филипче, кој се сретна со неговиот српски колега, Златибор Лончар.

Филипче посочи дека имале одличен состанок и разговаравме за повеќе теми.

„Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска“, рече Филипче од Белград.

Слични содржини