Општо е познато дека бактериите во дигестивниот тракт влијаат и на нашето здравје. Затоа, важно е да се одржи рамнотежата на микрофлората во желудникот и цревата.
Покрај јогуртот, постојат и многу други природни пробиотици кои помагаат на здравјето на нашиот дигестивен тракт. Откријте подолу кои намирници се најдобри пробиотици.
ПРИРОДНИ ПРОБИОТИЦИ
Ладен компир
Оладениот варен компир ја зголемува чувствителноста на инсулин, помага да се елиминира ризикот од дијабетес, а исто така помага и при слабеењето. Покрај тоа, состојките на компирот го одржуваат нашиот стомак здрав.
Зелени банани
Незрелите банани се богати со пробиотици, влакна, витамини и минерали. Оваа комбинација го одржува здравјето на желудникот и цревата и ги зајакнува коските и срцето. Затоа, ако не можете да почекате бананата целосно да созрее, „навалете“ на зелените, бидејќи ќе го подобрите вашето здравје.
Црно чоколадо
Покрај бројните придобивки од црното чоколадо, како што се подобрувањето на концентрацијата и расположението, истото влијае и на растот на здрави бактерии во цревата. Значи, можете слободно да уживате во чоколадото, ако сте „чокохоличар“, но во умерени количини. Еден, до два реда на црно чоколадо на ден е сосема доволно.
Лук
Покрај тоа што е природен антибиотик, лукот е полн со пробиотици, а одличен е и за здравјето на цревата и желудникот.