„Првиот контингент вакцини за коронавирус пристигна утрово во Црна Гора преку Ковакс-системот“, соопшти црногорската влада.
Станува збор за 24.000 дози на вакцина АстраЗенец.
Владата потсетила на својот Твитер дека вакцините ги обезбедило Министерството за здравство, во рамките на механизмот Ковакс.
„Вакцините набавени според механизмот Ковакс се одобрени од Светската здравствена организација, како водечка организација на системот на Обединетите нации што се занимава со прашањето за безбедноста на вакцините“, се вели во соопштението.
U #CrnaGora upravo je stigao kontingent od 24.000 doza vakcine #AstraZeneca. Sve vakcine koje se nabavljaju u okviru mehanizma #COVAX odobrene su od SZO, kao vodeće organizacije sistema Ujedinjenih nacija koja se bavi pitanjem bezbjednosti vakcina.@MinZdravlja#vakcinišise pic.twitter.com/R1rcpD3Dch
— Vlada Crne Gore (@VladaCG) March 28, 2021
Покрај Црна Гора, и Македонија утрово ги доби првите вакцини преку Ковакс-механизмот. Министерот Филипче заедно со претставнити на Министерството за здравство и високи дипломати во земјава присуствуваше на скопскиот аеродром, каде што пристигна 24.000 дози од вакцината на АстраЗенека.