Кога минималната плата ќе стане 18.000 денари, сите останати плати треба да се усогласат, не смее да се доближат минималните плати до оние класифицирани плати, вели претседател на ССМ, Дарко Димовски во „Студио 10“.
-Онаму каде што имаме синдикат, според член 8, имаше покачување скалесто на сите останати плати. Апелираме до работодавачите, доколку не го употребат член 8, прават кривично дело. Работодавачите бараа минималната плата да е 16.200 денари, субвенционирањето на Владата на работодавачите ќе е 10 месеци или една година. Нас ни беше битно да го издејствуваме ова што го баравме, поради економската и здравствена криза. Работниците не може да земат само 18.000, ако им се впишат останатите додатоци. Знаеме вчера и изминатите месеци како се боревме, нас ни беше битно да се добие минималната плата и скалесто да се покачат сите плати, уште денеска се спремаат писмата до институциите каде ќе се напише ова што го зборувам, вели Димовски.
На парашњето дали граѓаните ќе почуствуваат бенефит од зголемувањето на минималната плата , првиот синдикалец вели дека нивниот предлог за покачување на плата на 18 илјади се водел по основ на потрошувачката кошничка од Заводот за статитика.
-Според нашата анализа проценивме дека минималната плата треба да биде 18 илијади и доколку во едно семејство има двајца вработени со минимални примања да можат да го поминат месецот, вели Димовски.