487
Сопругата на Идрис Елба, Сабрина, не сакаше да го остави сам во карантинот, па сега и таа е позитивна на тестот.
Таа неколкупати изјави дека нема да ѝ биде ништо и дека не планира да се самоизолира, но откако поминала доволно време без да се дистанцира од сопругот, се тестирала и тестот покажал присуство на болеста ковид-19.
Таа и Елба сега се заедно во карантин во Мексико, каде претходно актерот снимаше сцени од новиот филм.
„Чудно, но немам никакви симптоми како што очекував. Можеби тоа ќе се промени во текот на следниве денови“, рекла таа.