Покрај социјалните мрежи партиите ги „окупираа“ рекламните паноа и билборди

од Берта Китинска
355 прегледи

Политичките партии со самиот почеток на изборната кампања ги искористија социјалните мрежи и медиумите за да ги претстават своите изборни програми, но не останаа имуни ниту рекламните паноа и билбордите. Низ градовите веќе може да се видат билборди на кои политичките партии се рекламираат.

Според Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди, 40 проценти од локациите се достапни за партиите на власт, исто толку проценти се наменети за партиите во опозиција, а по 10 проценти од локациите се достапни за парламентарните партии кои немаат пратеничка група и вонпарламентарните партии.
Доколку некоја политичка партија, коалиција или независен кандидат не го искористат вкупниот процент на закуп, тогаш останатите политички парти и независни кандидати имаат право на закуп на тие локации.

– Политичката партија или коалиција која нема да го искористи вкупниот процет за закуп на рекламни паноа и болборди или локации е должан да ја извести Државната изборна комисија за тоа. ДИК во дополнителна постапка ќе ги распредели неискористените рекламни паноа и болборди или локации на остаантите политички партии или коалиции согласно член 78-а од Изборниот законик, се вели во Упаството.

На 18 јуни од страна на Државната изборна комисија беше спроведена жрепката за доделување на локациите на рекламните паноа и болборди.

Освен овие опции за политичко рекламирање, на партиите во изборниот период на располагање им стои и опцијата за платено политичко рекламирање.

Слични содржини