Покрај сторителите, да се казнуваат и вработените во институциите кои не постапиле во случај на семејно насилство или насилство врз жени

Елена Димушевска, извршен директор на Национална мрежа протв насилство брз жените и семјено насилство, за „Локално“ изјави дека е дел од работната група која работи на усогласување на повеќе закони со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, за да може одредбите од постоечкиот закон, кои се однесуваат токму на заштита, да бидат применливи

од Vladimir Zorba
37 прегледи Фејсбук/Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство

Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјено насилство, кој беше донесен пред пет години, за жал не заживеа бидејќи не беа направни потребните усогласувања со други закони за да можат овие одредби кои се однесуваат токму на заштита да бидат апликативнои, изјави Елена Димушевска, извршен директор на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Таа објаснува дека и нивната организација е дел од работната група која е формирана за да се направат потребните законски измени.

-Потребни се измени на повеќе закони како што е законот за полиција, законот за социјална заштита, законот за здравствена заштита, и во други треба да се направат ситни измени за да може да се применуваат одредбите од Законот за заштита од насилство и семејно насилство. Ова е прв клучен момент, изјави Димушевска за „Локално“.

Таа објаснува дека втор клучен момент за да се имплементираат законските одредби и да се овозможи соодветна заштита е нивната имлементација, за што досега немало доволно сензитивност за проблемот.

-Се очекува жртвата да е со спремни факти и докази кога ќе го пријавува насилството. Таа пракса треба да ја смениме, бидејќи не секогаш насилството е физичко и не секогаш може да се докаже. Очекуваме да се направат соодветни обуки и за инспекторите и за социјалните работници да може да го препознаат и соодветно на случајот, да постапат, изјави Димушевска.

Овие законски измени беа поттикнати по последниот случај кога жена жртва на семејно насилство скокна од својот стан заедно со своето дете и си го одзеде животот.

-Оваа жена пријавувала пет години, и од извештајот на МВР дури 39 полицајци не постапиле. Освен што се бараат казни за сторителите, потребно е дисциплински да се казнат и тие кои не постапиле. Го видовме извештајот од МВР ќе почекаме да видиме како ОЈО ќе постапи, изјави Димушевска.

Таа објасни дека со овие измени не се зголемуваат казните за сторителите ии за институциите што не постапуваат, бидејќи тие веќе се предвидени, туку се усогласуваат законите за да може да се применат одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Е.Б.