„Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтима струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна“, соопштуваат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра.
Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното.
Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор“, велат од партијата на Мицкоски.