Државното обвинителство во Њујорк објави дека покрена кривична истрага против компанијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, што е чекор повисок од оној што започна како граѓанска истрага.
Јавниот обвинител Летиша Џејмс истражува дали организацијата на Трамп лажно ги пријавила вредностите на имотот со цел да обезбеди заеми и да добие економски и даночни бенефиции, а од нејзината канцеларија потврдија дека ја известиле организацијата на Трамп дека истрагата повеќе не е чисто граѓанска, пренесува Ројтерс.
Обвинителството истражува дали организацијата на Трамп ги „надувала“ вредностите на некои недвижнини со цел да добие подобри заеми, а подоцна ги демолирала и нивните вредности за да добие олеснување на даноците.
Трамп претходно изјави дека оваа истрага ја спроведе Демократската партија и дека е политички мотивирана.
Одделно, окружниот правобранител на Менхетн, Сајрус Венс, ги истражува деловните активности на Трамп, а од неговиот кабинет соопштија дека истражуваат можно широко и долготрајно криминално однесување во компанијата на Трамп, вклучувајќи измами за данок и осигурување и фалсификување деловна евиденција.