Покрената истрага против Маск поради неговите постапки при преземањето на „Твитер“

од Stefanija Kuzmanovska
129 прегледи

Американските федерални власти покренаа истрага против американскиот милијардер Елон Маск поради неговото однесување за време на преземањето на компанијата „Твитер“, стои во судскиот поднесок.

Иако е наведено дека е под истрага, не е прецизирано кој точно е фокусот на истрагата и кои федерални власти ја водат. Маск побара од судијата минатата недела да ја одложи неговата парница со „Твитер“ до 28 октомври, што судијата во Делавер го одобри, објави „Ројтерс“.

Маск, кој е и директор на компанијата „Тесла“, му предложил на „Твитер“ доколку таа компанија го прекине спорот со него, тој да се согласи со условите од договорот постигнат во април – да ја купи компанијата за 54,20 долари по акција.