Покрената прекршочна постапка против телевизија „Алфа“

од desk2
87 прегледи

Против телевизија „Алфа“ е поведена прекршочна постапка поради емитување на прилози со резултати од испитување на јавното мислење за учесниците во изборниот процес по истекот на законскиот рок.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска соопшти дека прилозите со резултатите од јавното мислење се емитувани на 10 и 11 октомври во рамки на ТВ магазинот „Алфа Скоп“ во информативниот блок насловен „Вести избори“.

Извештајот од мониторингот на ТВ Алфа е доставен на веб страницата на Агенцијата www. avmu.mk