Минатата година ДКСК направи акција и тогаш излезе дека 710 функционери не поднеле анкетен лист и за сите тие се покренати постапки. Околу 400 се завршени, а за останатите постапката се уште трае, информира денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска која присуствуваше на седницата за пратенички прашања во Собранието.
Таа истакна дека прибирањето на информациите и податоците е рачно и оди бавно.
-Сите овие предуслови што влијаат на функционирањето на Комисијата, треба да ги имате предвид. Проверката на имотната состојба, се одвива по годишен план, согласно закон, по поднесени дојави и пријави и по сопствена иницијатива. Немаме автоматска – системска можност за проверка на имотот на сите функционери, рече Ивановска.
Taa oчекува конечно мандатот да го завршaт со функционирање на софтверот за автоматска обработка на податоците.
-Непријавувањето на имот е прекршок, а не кривично дело. Тие што ја платиле казната потоа сепак мора да поднесат анкетен лист за имотната состојба, рече Ивановска од собраниската говорница.