Пол Џорџ е нов играч на Филаделфија: За четири години ќе заработи 212 милиони долари

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ го напушти овој клуб како слободен играч и постигна договор да настапува за Филаделфија во новата сезона во НБА, пренесуваат американските медиуми.

Според информациите, Џорџ во следните четири сезони ќе го носи дресот на Сиксерси и во тој период би требало да заработи 212 милиони долари.

Филаделфија со реализација на овој трансфер јасно стави до знаење дека има шампионски амбиции во следната сезона од најдобрата кошаркарска лига во светот.

„Се обидовме да го задржиме Пол бидејќи тој е важен играч за нас. Разговаравме со него долго време, но тој ни кажа дека има други амбиции и сака да гради кариера во друг клуб. Ние го почитуваме тоа и му посакуваме многу успех“, објавија челниците на Клиперс.

Џорџ (34) минатата сезона одигра 74 натпревари за Л.А. Клиперс во НБА лигата, со просек од 22,6 поени и 5,2 скока и 3,5 асистенции по натпревар.

Ова ќе биде негов четврти клуб во најдобрата лига на светот, откако пред Клиперс настапуваше за Оклахома и Индијана.

Слични содржини