Пол Макартни забранил уметничко дело оти не му се допаднало како уметникот го претставил?

од Nikola Popovski
190 прегледи

Повеќе од една деценија, проектот „Secret 7“ собира пари за добротворни цели преку аукција на лимитирани винилни плочи со нови корици и други ексклузивни уметнички дела од уметници ширум светот. Идејата е овие дела да се продаваат со песни на познати уметници и музичари.

Проектот бил повторно лансиран од „War Child“ во 2023 година по пауза од неколку години, при што Пол Макартни се вклучи со своја музика, нудејќи ограничено издание на „Pipes Of Peace“.

Секоја од седумте песни избрани за проектот добива 100 различни уметнички дела секоја година, но едно парче уметничко дело очигледно било премногу за Мекартни.

Имено, Вилфрид Вуд, скулптор и илустратор од Лондон, кој се чини дека е доста успешен во својата област, создал оригинално парче и го пријавил за проектот, но според објава на Инстаграм, неговиот придонес оваа година бил забранет бидејќи не бил доволно „ласкав“ и квалитетен за Мекартни.

Портпаролот на Макартни ги демантирал ваквите гласини.

Вуд сепак одлучил на аукција да го продаде своето дело, а целиот приход ќе биде наменет за „War Child UK“. Аукцијата се одржа минатата недела, а делото било продадено за 1.355 фунти.

Слични содржини