Потрага по изгубениот бас: Дали ќе биде решена „најголемата мистерија на рокенролот“?

од Stefanija Kuzmanovska

Светската потрага по еден од најпознатите инструменти – оригиналната бас-гитара Hofner на Пол Макартни е започната како дел од проектот „Изгубениот бас“, јавува Би-Би-Си.

Проектот „Изгубениот бас“ бара информации за она што тие го опишуваат како „најважната гитара во историјата“. Мекартни го купил инструментот за 38 долари во германскиот град Хамбург во 1961 година, но по осум години гитарата исчезнала.

Се користеше во создавањето на музиката на Битлси во тие години, како што се хитовите „Love Me Do“ и „She Loves You“. Проектот за пронаоѓање на гитарата го започна компанијата Hofner, а со него раководи Ник Вас, кој ги здружи силите со двајца новинари во обид да ја реши „најголемата мистерија во историјата на рокенролот“. Вас тесно соработуваше со Макартни и напиша книга за исчезнатата гитара.

Вас изјави за Би-Би-Си дека славниот член на Битлси го прашал за гитарата за време на неодамнешниот разговор – и така започнала потрагата.

Не е јасно што се случило со инструментот, кој најверојатно исчезнал кога Битлси го завршиле снимањето на нивниот албум „Get Back“ во 1969 година, рече Вас.

„Не се знае каде е сместена, кој се бил таму. Повеќето луѓе ја паметат… Тоа е гитарата која ги создаде Битлси“, додаде тој.

Слични содржини