Пола економија е во Скопје, останатата на цела територија на Македонија

од desk3
88 прегледи

Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Македонија во 2013 година има Скопскиот регион со 42, 6 проценти, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5, 3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

dzs1

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143. 5, Вардарскиот регион со индекс 110. 6 и Југоисточниот регион со индекс 109. 6.

Црниот петок и дождот го наполнија Сити мол

Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот. Најмал бруто-домашен производ по жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион со индекс 48. 8.

 

МЕТА