Полански номиниран за 12 француски Оскари, жените бесни: Давате чест на насилник и предатор

од Elena Daskalova

Француската филмска академија ги објави номинациите за наградите Цезар, кои практично се француски пандан на популарните Оскари.

За овие награди, Роман Полански доби 12 номинации, што групите за поддршка на жените жртви на насилство го процениле ова како директна пофалба на насилник.

Во 1978 година Полански побегна од САД, откако призна дека силувал 13-годишно девојче и оттогаш се води како бегалец од американската правда. Неговиот филм „Офицер и шпион“ е номиниран за 12 награди Цезар, вклучувајќи ја и онаа за најдобар режисер.

Минатата година и француската фотографка Валентина Моние го обвини Полански дека ја принудил на сексуални односи кога имала 19 години, во швајцарски скијачки центар.

Француската феминистичка група „Osez Le Feminisme“ ги проценува номинациите како срам за Академијата и бојкотирање на движењето #МеТоо.

На овие награди е номинирана и актерката Адел Ханел, која претходно обвини еден француски режисер дека ја силувал кога имала 12 години. Француската академија пак, се брани со ставот дека нив ги интересира филмот, но не и приватниот и моралниот аспект на оние кои учествувале во неговата реализација.

Слични содржини