Полицајци одвојувале затвореници во Идризово кои се степале на Нова година, тврди Гоце Делчев Тодев

од Nikola Popovski
224 прегледи

Да се расчисти инцидентот од 31 декември во затворот Идризово, кога полициски службеници одвојувале две групи затвореници што се степале, побара денеска на прес-конференција, претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.

Тој рече дека Независниот синдикат на полицијата, под кој спаѓа и Независниот синдикат на затворска полиција и администрација, будно го следи овој случај.

-На 31 декември се случил проблем во затворот Идризово, постапката се уште не е завршена, се анализира видео надзорот. Истрагата е во тек. Има телефонски видео снимки излезени од затворот, но, официјално се уште нема ништо. Ако полицаец е на работно место и бил со задача да одвои групи што се степале, зошто би одговарал полицаецот?, нагласи Делчев Тодев.

Во овој синдикат членуваат 207 полицајци од затворскиот систем Идризово.

Слични содржини