495
Четири лица, меѓу кои и еден полицаец, биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Радовиш-Струмица, информира МВР.
Несреќата се случила меѓу патничко возило „шкода октавија“ сопственост на МВР и патничко возило „хонда“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Р.С.(36) од Република Бугарија.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле еден полициски службеник и тројца сопатници во возилото „хонда“ од Република Бугарија, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид извршила екипа на СВР Струмица.