35
Ноќта петокот кон саботата, млада девојка од Штип нападнала полициски службеник. Според билтенот на МВР, полицаецот извршувал службени дејствија.
На 26.01.2025 во 01:40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода И.М.(22) од Штип затоа што физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Девојката била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.