Полицајката која ја поврзуваат со Нермин ќе биде суспендирана: По одморот отворила боледување

од Stefanija Kuzmanovska
990 прегледи

Полицајката од Градачац, која е поврзана со 35-годишниот убиец, во четврток ќе биде суспендирана.

Оваа информација за N1 ја потврдил Џевад Корман, директор на полициската управа на кантонот Тузла.

„Полицајката Џенана Селимовиќ се врати од одмор. Таа денеска побарала лекарска помош и зела боледување. Наредив до утре изутрина да се подготват сите релевантни факти и докази, врз основа на кои таа евентуално може привремено да биде отстранета, односно привремено да биде суспендирана до завршување на дисциплинската постапка засега“, изјавил Корман и додал:

 

„Сите информации со кои располагаме отвораат сомнеж за здружување со криминално активни лица и во таа насока таа го прекршила кодексот и направила службена повреда на дисциплинската должност. Значи, работиме во таа насока. Значи, само во таа точка, ништо не е поврзано со овој најнов настан“.

Да потсетиме, во јавноста се шпекулира дека Џенана Селимовиќ наводно ја открила локацијата на која брутално беше убиена Низама Хеќимовиќ. Сепак, овие наводи се уште не се потврдени.

Адвокатот на Џенана, Бакир Хеќимовиќ, претходно за медиумите изјави дека Џенана наводно немала контакт со убиецот.

„Таа беше неосновано изложена на линч и медиумите. Сето ова е неосновано сè додека нема барем некои индикативни докази дека таа имала контакт со убиецот. Велат и дека побегнала во Италија, но е на одмор и на 16 август редовно ќе се јавува во полициската станица во Градачац и ќе продолжи со своите обврски. Доколку се покаже дека таа немала никаква врска со убиецот, ќе покренеме низа судски процеси во нејзин интерес“, рече адвокатот.

Слични содржини