„ПОЛИЦИЈА СЕКОЈ ДЕН НИ ДОАЃАШЕ НА ВРАТА! Тамара шеговито за својот однос со Тијана

од Radmila Tasevska

По подолга пауза, пејачката Тамара Тодевска се врати на сцената и деновиве промовира нова песна.

Најуспешната претставничка на Македонија на Евровизија вели дека песната „Горда“ која ја изведе на најважниот европски фестивал во Израел пред две години е нејзиниот најголем успех во кариерата, но дека верува и во идни проекти.

Таа проговори и за врската со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и нивните деца.

-Полицијата секојдневно ни доаѓаше на врата бидејќи музиката беше прегласна. Кога јас и Тијана бевме тинејџери, тие доаѓаа поради тепачки. Се шегувам. Се расправавме за гардеробата, кој чија кошула носел. Таа секогаш се однесуваше со мене како да сум 16-годишен дебил. Втора мајка. Споделуваме сè, знаеме сè еден за друг. Разговарам со неа за се. Вук прави музика, вечерва имаме сесија во студио. Многу ми е драго што нашите деца ја сакаат музиката. Хана е танчерка каква Тијана и јас никогаш не сме биле. Таа има и глас. Знам понекогаш да викам, да ги карам, но многу попуштам. Многу го користат тоа, опасни манипулатори се. Тие се добри деца и тоа е најважно. Негрижата тргна во неповрат. Се расправаат како јас и Тијана, но се обожаваат – открива Тамара во „Премиера – Викенд Специјал“.

Слични содржини