Припадници на посебната полициска единица „Алфи“ од утрово се во скопско Батинци во домот на М. Пепиќ, вработен во Полициската станица „Бе-ко“, по налог на Специјалното јавно обвинителство, дознава ТВ21.
Изворите соопштуваат дека се врши претрес во куќа на еден од осомничените во „Титаник“.
За сега нема официјални информации од МВР.
СЈО најавија за подоцна повеќе детали за акцијата.
Потсетуваме дека во една од бомбите што ги објави Заев, беше обелоденет разговор на Миле Јанакиесвки каде посочува дека лицето Пепиќ изгработувало лични карти.
