Полиција во САД се обидела да запре робо-такси без возач (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Во неколку наврати веќе се забележани бизарни ситуации со автономни такси возила кои редовно сообраќаат во одредени американски градови. Овој необичен настан е снимен во Феникс, каде што полицијата се обидела да го запре автономното такси Waymo кое, погодувате, немало возач.

Еден од патниците објави видео на кое јасно се гледа збунетоста на патниците, но и на полицискиот службеник во напорите да го запрат автомобилот без возач. Автомобилот ги одвел во сообраќаен метеж кон местото на парадата во градот, каде полицијата привремено го регулирала сообраќајот.

Иако автомобилот застанал кога налетал на толпа луѓе, во почетокот не реагирал на гестовите на полицаецот. И додека гласовите од автомобилот велат „тука нема возач“, „мозокот“ на автомобилот конечно ја разбра ситуацијата и успеа да ја прилагоди својата рута на новонастанатата ситуација.

@johnnyromano3

POV: youre in a self driving car and the police get involded

♬ original sound – Johnny Romano

Waymo на ова видео одговори дека софтверот на возилото овозможува учење и препознавање на полициските гестови, па и ова возило постапило по барање на полицаецот во рок од околу 90 секунди.

Слични содржини