Полиција врши рација во куќата на хрватскиот министер за здравство

од Nikola Popovski
84 прегледи

Полициски службеници од хрватската Национална канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (PNUSKOK) утрово извршиле упад во куќата на хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

Службениците дошле на адресата на Берош со наредби за претрес, пренесуваат хрватските медиуми.

Според првите информации, на мета на истражителите освен министерот, се и неколку високопозиционирани лекари, меѓу кои и директори на некои болници.

Државниот секретар во тамошното Министерство за здравство, Томислав Дулибиќ за ХРТ изјавил дека не знае зошто полицијата упаднала во куќата на Берош.

„Кога ќе дојдам во Министерството веројатно ќе имам некои други информации. За пациентите и граѓаните можам да кажам дека се ќе продолжи да функционира нормално“, изјавил Дулибиќ.

Вили Берош, роден во Сплит на 13 декември 1964 година, е хрватски политичар и актуелен министер за здравство во Владата на Република Хрватска, а на функцијата е од 28 јануари 2020 година.

Слични содржини