Службеници на полицијата почнаа да ги спасуваат луѓето кои живеат во зона на нуклеарната централа “Чернобил”, и ги евакуираат на безбедни места, бидејќи големиот пожар се приближува кон нуклеарката, пренесе Интерфакс.

“Денес, 28 април, ситуацијата со шумскиот пожар во близина на Чернобил се влоши. Како резутлат на пожарот настрадаа селата Лубјанка, Руда Илницкаја, Илинци и други “, се вели во соопштението на прес-службата на МВР на Украина.
“Припадниците на полицијата од одделот во зоната на Чернобил нуклеарната централа ги евакуираат луѓето на безбедно. Исто така е спасен и преместен и добиток и имотот “, се вели во пораката.