Полицијата го пронајде 14-годишното девојче кое беше пријавено за исчезнато

од Nikola Popovski
23 прегледи

Четиринаесетгодишното девојче кое беше пријавено за исчезнато на 1 јуни годинава, вчера се вратило во семејниот дом, информираа денеска од Велешката полиција.

Враќањето на четиринаесетгодишното девојче во полиција го пријавил нејзиниот татко С.У.

Истиот ден за исчезнато беше пријавено и 13-годишно девојче. Таткото, Р.Ј.(39) со привремен престој во село Стари Град, општина Чашка, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Ј.(13). Тој се сомнева дека е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени.

Слични содржини