Во саботата полицијата ја приведе климатската активистка Грета Тунберг на демонстрациите одржани во Хаг, објавија медиумите.
Локалната полиција ја качи Грета во автобус заедно со другите демонстранти кои се обидоа да го блокираат главниот автопат кон Хаг. Тунберг се приклучи на протестот на стотици активисти, а беше приведена во моментот кога се приклучи на група од околу стотина луѓе кои се обидоа да го блокираат автопатот А12.
Во изминатите неколку месеци, активисти десетици пати се обидоа да го блокираат истиот автопат, барајќи укинување на сите субвенции за користење на фосилни горива. На претходните протести полицијата ги одведе приведените демонстранти во друг дел од градот, но набрзо беа ослободени без дополнителни последици.
Локалната полиција не беше контактирана за коментар во саботата.