30
Полициските службеници од ПО БПС Кавадарци на 12 март 2025 година во 22:40 часот привремено одзеле патничко моторно возило „БМВ“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци. Причина за одземањето е претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа како возачот управува со нагло зголемување на брзината, предизвикувајќи пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.
На 14 март 2025 година, во Станицата за технички преглед во Кавадарци, е извршено мерење на бучавата, при што е утврдено дека таа е над дозволената граница. Согласно член 344, став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото е привремено одземено на период од 90 дена.