220
Полицијата постапува по пријава за оштетување на иконата на Исус, поставена на големиот крст во паркот во Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Локално“. Покрај иконата бил оставен и Куран, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Голем број граѓани повикаа на итно пронаоѓање и казнување на сторителите.
„Ветуваме ќе ве најдеме! За сѐ ќе платите! За прошка ќе молите!“ гласи еден од коментарите.
Но, дел од коментарите укажуваат и на можноста овој чин да е обид за провокација и создавање меѓуверска омраза.
„Муслиманите никогаш не би оставиле Куран на земја“, пишува еден корисник на Фејсбук сугерирајќи дека зад инцидентот можеби стои намера да се предизвика конфликт.
И.И.