Полицијата потврди за преземањето на полициската станица во Гошинце , напаѓачите се претсавиле како УЧК

од desk3
142 прегледи

Портпаролот на МВР Иво Котевски потврди дека лицата кои ја зазеле полициската станица во липковски Гошинце, носеле препознателни ознаки УЧК.

goshince

 

Според полицијата во станицата влегле околу 2 часот утринава, ги разоружале затекнатите полицијаци, го собрале целото оружје во станицата, а потоа ги пуштиле на слобода затекнатите полицајци и им рекле да пренесат порака на надлежните дека тие биле УЧК.

“Државните институции утринава беа цел на терористички напад. Имено, околу 2 часот и 30 минути по полноќ, поголема група од 40 лица ја нападнаа караулата Гошинце во близина на северната граница. Лицата биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК. При нападот биле заробени 4 полициски службеници кој во моментот биле дежурни во караулата. Лицето кое ја предводело групата на алабнски јазик преку преведувач им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови „Ние сме од УЧК, пренесете дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви Охридски договори, повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било кој друг фатиме повторно сите ќе ве ликвидираме“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Тие, исто така, имале камера и го снимале инцидентот.