273
Полицијата во Скопје синоќа привела малолетник, кој по полноќ шетал низ Центар со два ножа. Инцидентот се случил во 00:30 часот, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го задржаа момчето од Скопје, од кого биле пронајдени и одземени ножеви.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,“ информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, денеска во 07:00 часот, во истото подрачје, полицијата привела и возрасен скопјанец, Р.О. (33), кој исто така имал нож.