Полицијата приведе популарен актер на филмскиот фестивал во Венеција

од Stefanija Kuzmanovska
447 прегледи

Шпанскиот актер Габриел Гевара бил приведен на филмскиот фестивал во Венеција.

22-годишникот не беше официјален гостин на настанот, но беше најавено дека ќе присуствува на денешниот настан во хотелот Екселсиор и дека ќе му биде доделено признанието „Best Movie International Award Young Generation“ за улогата во „Ma fault“, пишува Variety.

Сепак, како што се наведува понатаму, Габриел вчера бил приведен, а деталите од обвинението се уште не се соопштени.

Организаторите на споменатите награди објавија дека „превентивно го суспендирале доделувањето на признанието, за да почекаат да се утврдат доказите против Гевара и да бидат целосно убедени дека правдата ќе го следи својот тек“.

Според понатамошните пишувања, се очекува апелациониот суд во Венеција да одлучи дали младиот актер ќе биде екстрадиран од земјата.

Габриел Гевара, инаку, има милиони следбеници на социјалните мрежи и е многу популарен меѓу младите.

Слични содржини