Француската полиција продолжува да го бара Абделхамид Абауд. Специјалните единици ја скршија вратата на црквата во Сен Дени, но излегоа без да уапсат некој 15 минути подоцна.
Дел од Париз е под полициска блокада откако денес рано наутро француската полиција влезе во престрелка со терористи. Иако акцијата во париското предградие Сен Дени официјално заврши, со двајца убиени, а седум уапсени терористи, човекот поради кого беше организирана голема операција не беше фатен.
Абделхамид Абауд, се смета за организатор и раководител на атентатите во Париз од 13 септември, при што загинаа 129 лица. Денес сите жртви на терористичкиот чин беа идентификувани.
Сеуште не се јасни имињата на повеќето терористи, бидејќи тие се разнесоа.
Мерките за безбедност во Париз се исклучителни. Проверки има на секој чекор.
Засилена е и контролата на аеродромите. Таму се поставуваат дополнителни прашања кон луѓето кои пристигнуваат – главно за целта на нивниот престој во Париз.
Кон Сен Дени, каде што се одржа акцијата од утринава, движењето е многу отежнато. Областа останува отцепена, од луѓето се бара да не излегуваат од своите домови, парализиран е и градскиот транспорт.
На улиците е мирно. Близу до театар Батаклан луѓето сеуште се запираат и оддаваат премолчено почит на жртвите на нападите.
