53
Полицијата проверува дали спикерот на Собранието Африм Гаши со службено возило бил на свадба во Косово и колоната возила што го придружувала го блокирале преминот на границата. целта е да се утврди дали во овој случај има злоупотреба на државните возила.
„Ве известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, информираат од МВР.
Службените возила се употребуваат со соодветен патен налог, со образложение за намената за која се користат возилата, времетраењето, но и трошоците за патувањето.