28
Вчера во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вршеле легитимирање на Ф.А.(24) од Скопје.
– Тој откако им ја дал личната карта, се обидел да избега и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар, по што скокнал во реката, и што се здобил со тешки телесни повреди, информираат од МВР.
Според МВР се работи на расчистување на настанот.