Полицијата се повеќе користи роботакси за решавање на случаите

од Vladimir Zorba
425 прегледи

Со сета моќ на камерата, полицијата доби дополнителни погледи на патиштата каде што се користи роботакси, односно услуга на платен превоз со самоуправувачки возила. Овие возила имаат серија камери со кои ја следат околината и на крајот делуваат како динамични камери за надзор.

Полицијата се повеќе се обраќа кон овие фирми за да поседува снимки кои можат да разрешат бројни кривични дела, па дури и најтешки кривични дела. Така, во февруари годинава судот во Сан Франциско донесе пресуда за случајот за убиство. Пред да биде осуден Клифорд Стоукс, полицијата побарала снимка од Waymo бидејќи во текот на истрагата забележала дека голем број возила Waymo се движеле недалеку од местото на злосторството. Токму снимката од тие возила помогнала да се реши убиството на возачот на Uber Ахмед Јусуфи, пренесува Index.

Сега во американската јавност се поставува прашањето колку е етичко ваквото споделување снимки.

„Внимателно го разгледуваме секое барање за да се осигураме дека е во согласност со важечките закони и има соодветна законска процедура“, рече Waymo. „Доколку барањето е премногу широко (бара премногу информации), се обидуваме да го стесниме, а во некои случаи се спротивставуваме на давање какви било информации. Во исто време, Waymo обично ги замаглува лицата на луѓето на видеата, како и регистарските таблички на возилата „фатени“ на видеото.

Сличен став има и Cruise: „Приватноста ни е исклучително важна, поради што откриваме релевантни податоци само како одговор на правни процеси или итни околности, каде што можеме да помогнеме на лице кое е во непосредна опасност“.

Метју Гуариглија, политички аналитичар во Фондацијата „Electronic Frontier“, го истакна големиот проблем што го носи оваа практика: „Со недостатокот на заштита на приватноста на потрошувачите што моментално постои во САД, компаниите можат да соберат колку што е можно повеќе информации“.

Слични содржини