Полицијата излезе со детали за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Битола-Прилеп во која животот го загуби едно лице. 74-годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на несреќата која се случи во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп.
Во Битолската полиција било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско.
-Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во полицискиот билтен.
Од утрово е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат.