Бројни полициски сили вечерва тргнаа да ги потиснат насобраните граѓани пред зградата на владата. Дел од демонстрантите се обидуваат да го пробијат полицскиот кордон, а насобраната толпа се обидувашр да ја искрши и заштитната ограда.
Полициски кордон го потиснува народот по булеварот Илинденска, а поставени се на готовс и полициските водени топови. Има и возила за брза помош . Првичните и неофицијални информации се дека има неколкумина повредени меѓу фотографи и новинари. Полициските сили го „освоијуваат “ булеварот пред владата. Според информации од социјалните мрежи се употребувале водени топови за што нема официјална потврда. Граќаните се потиснати од пре владата, но нема откажување од протестот
Еден демонстрант на твитер објави дека негов пријател припадник на специјалците му рекол да се држи понастрана од владата и да нема контакт , бидејќи добила одврзани раце да дејствуваат.
фото фејсбук



