Полицијата уапси 15 возачи од кои десет возеле без дозвола

Вчера и денес полицијата уапси 15 возачи за безобѕирно управување со моторни возила, од кои десетмина возеле без возачка дозвола.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МВР

Вчера и денес полицијата уапси 15 возачи за безобѕирно управување со моторни возила, од кои десетмина возеле без возачка дозвола.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи во изминатото деноноќие упасени се најголем дел од прекршителите, односно 10 лица, управувале возило без воопшто да поседуваат возачка дозвола.

Овие случаи се регистрирани во Скопје, Гостивар, Кочани, Кичево, и на регионалниот пат Скопје – Тетово кај клучката за селото Групчин.
Полицијата привела четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол во Скопје, Кавадарци и Македонска Каменица.

Воо Кичево, како што соопшт МВР, возач бил фатен зад воланот иако претходно му била изречена активна мерка забрана за управување со возило од Б категорија.

-По целосното документирање на сите случаи, против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Упатуваме силен апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата, да не возат пијани или без положен испит, со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, велат од МВР.