Маж на 23-години од скопската населба Гази Баба е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ , казниво по член 322-а од Кривичниот законик на Р.Македонија, соопшти МВР.
С.Ф. не бил уапсен во акцијата „Ќелија“ на 6-ти август, а најверојатно се криел во подрумот на семејната куќа, а во крим евиденцијата на МВР фигурирал како извршител на повеќе насилни имотни кривични дела во Скопје
Тој пролетва бил во Сирија каде бил припадник на терористичката ИСИС.
Во акцијата „Ќелија“ се уапсени вкупно 12 осомничени меѓу кои и имамот Мемиши од Тутунсуз џамијата во Скопје.
