40
Неверојатна вест доаѓа од Шпанија, каде полицијата го приведе играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Матеус Нуњез во ноќен клуб во Мадрид поради многу бизарна причина.
Човек кој зема плата од 8.000.000 евра годишно беше приведен поради кражба на телефон, по што беше сослушан и по неколку часа пуштен на слобода. Фудбалерот сега го чека судење, а инцидентот се случил на 8 септември.
Нуњез е скапо засилување од Сити, кој минатата година беше платен 62.000.000 евра и главно ја игра улогата на „џокер“ кај Пеп Гвардиола.