Полицијата врши претрес на куќа како дел од истрагата за убиството на Тупак

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата во Лас Вегас во понеделникот упадна во куќа како дел од истрагата за убиството на раперот Тупак Шакур.

Раперот е убиен во далечната 1996 година, а како што пишува „Дејли мејл“, детективите сега издале налог за претрес во куќа во Хендерсон.

Потсетуваме, раперот беше ранет на 7 септември во пукање на раскрсницата на патот Фламинго и Ковал Лејн во Лас Вегас. Потоа бил однесен во Универзитетскиот медицински центар во Јужна Невада, каде што починал шест дена подоцна, а случајот останува нерешен.

Нема подетални информации за актуелниот претрес на куќата во Хендерсон.

Слични содржини