Полициска истрага откако во експлозија е урната куѓа во близина на главниот град на САД

од Radmila Tasevska
228 прегледи

Американската полиција врши истрага по голема експлозија што урна дом во предградие на Вашингтон соопштија вчера властите, при што снимките на социјалните мрежи покажуваат силна експлозија што ја претвори објектот во урнатини.

Во време на експлозијата, осомничен во објектот пукал со пиштол „30-40 пати од внатрешноста на неговиот дом  во околниот кварт“, се вели во соопштението објавено на полицијата во Арлингтон, Вирџинија

Полициујата беше испратена откако добија дојава за истрелите и „се обидоа да остварат контакт со осомничениот“, се вели во соопштението.

Но, осомничениот не реагирал и останал забарикадиран во домот, се вели во соопштението.

„Додека полицајците се обидувале да го извршат налогот за претрес, осомничениот пукал најверојатно со огнено оружје, внатре во домот. Потоа, околу 20:25 часот, се случила експлозија во објкејктот.

Истрагата за тоа што ја предизвикала експлозијата е „во тек“, се вели во соопштението, без да се спомене судбината на осомничениот. Тројца полицајци пријавиле полесни повреди, а пожарот е ставен под контрола во рок од два часа.

Слични содржини