Акцијата започна околу 6.30 часот по локално време. Меѓу лоцираните се 51-годишен Мароканец и 19-годишен Македонец. За Македонецот се знае дека во моментов е во Сирија.
Една од полициските акции била спроведена во зграда на муслиманска заедница, кон која има и џамија, лоцирани во централниот регион на Берлин.
Германското разузнавање проценува дека досега околу 600 Германци се приклучија на “Исламска држава” и се борат на територијата на Сирија и Ирак.
Германската полиција извршила специјализирана акција во Берлин во вторникот против луѓе осомничени во регрутирањето на борци кои се борАТ за “Исламска држава” во Сирија, соопштуваат германските медиуми.