Полицајци протестираа пред зградата на бугарското МВР со инвалидски колички, за да дадат примери за ситуацијата во Министерството за внатрешни работи. Ова се новите патролни автомобили на МВР, изјави претседателот на Управниот одбор на Синдикатот на вработените во МВР Иван Павлов, соопшти БГНЕС.
Вработените од секторот “Безбедност” од целата земја се незадоволни од понудената пензиска реформи, работните услови и недостатокот на дијалог со власта.
Инвалидскаите количка се погодни за полицајци над 55 години, какви ќе бидат по неколку дена по волјата на г-дин Калфин. Тоа се добри “автомобили”, за жал МВР не може уште да си ги дозволи, многу им се скапи, изјави Иван Павлов. Тој рече дека се уште МВР не може да купи чевли на полицајците . Оваа униформа јас сум си ја купил, тоа е облека на 70% од униформаниот состав кој се купува само од приватни фирми. Чевлите сум си ги купил лично кај чевлар и сум си платил за нив – тоа ми дава МВР, изјави Иван Павлов.
Денес е вториот ден од најголемиот штрајк на вработените во МВР. Демонстрантите полицајци, кои дојдоа во градината на храмот “Св. Седмочисленици” и ја исвиркаа зградата на Министерството за внатрешни работи се многу повеќе отколку што беа вчера во првиот протестен ден. Тука има полицајци од различни краеви на земјата. Вработените на редот од Панаѓуриште дојдоа со знаме на кое пишува “Слобода или смрт”. Постојат полицајци од Јамбол, Перник, Пазарџик, Исперих, Пловдив, Гоце Делчев и др.
Полицајците носат транспаренти на кои пишува: “Да служиме на народот, не да служиме на политичарите”, “МВР има потреба од реформи, а не од заложници!”.
Многу е можно денес да направиме и барање на оставки, но нека остане за подоцна, изјавија полицајците. Од зградата на МВР демонстрантите ќе тргнат на процесијата. Попладне полицајци, пожарникари и чувари во затворите се заканија дека ќе ги посипаат со шеќер влезот на МВР, за да ги истераат лошите духови оттаму. Утре протестот продолжува пред Народното собрание.
