Полициски хеликоптер исфрли над 48 тони вода врз пожар во општина Македонски Брод

од Milan1
22 прегледи

Денеска полициски хеликоптер од типот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Македонски Брод , меѓу селата Брезница и Тажево, каде што гори борова шума, соопшти МВР.

Во 19 налета се исфрлени над 48 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.

Слични содржини