Полициски кордони ги опколуваат гробиштата во Санкт Петербург: Дали Пригожин ќе биде погребан денес? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
478 прегледи

Руските медиуми сугерираат дека погребот на Евгениј Пригожин, шеф на руската платеничка група „Вагнер“, би можел да се одржи денеска во неговиот роден град Санкт Петербург.

Градската новинска агенција Фонтанка и некои други медиуми соопштија дека Пригожин најверојатно ќе биде погребан на гробиштата Серафимовско – каде утрово биле видени полицајци.

Силни безбедносни мерки

Тешки полициски кордони ги опколија гробиштата каде што исто така се погребани и родителите на рускиот претседател Владимир Путин.

На влезовите наводно биле поставени рамки за детектори за метал.

Но, ниту силните безбедносни мерки не спречија дел од граѓаните денеска да се обидат да влезат со цвеќе на гробиштата.

Овие гробишта претходно биле користени за воени погребувања од висок профил.

Засилено полициско присуство е забележано и на некои други градски гробишта.

Главните поручници на Пригожин, кои исто така загинаа во несреќата минатата среда, се очекува да бидат погребани во Санкт Петербург.

Местото на погребот на Пригожин, командантот Дмитриј Уткин и другите патници на авионот што се урна попладнето во средата на 23 август во Тверската област, сè уште е официјално непознато.

Слични содржини